Булевар "Александар Македонски" 18

ФАКОМ АД Скопје ја утврдува оваа политика за квалитет, околина, здравје и безбедност при работа, заради обезбедување производите и услугите кои им ги испорачуваат на купувачите, во целост да ги исполнуваат нивните искажани реални барања и да бидат во согласност со важечките законски прописи, национални и меѓународни стандарди. ФАКОМ АД Скопје се грижи за животната средина и ги има утврдено сите аспекти ивлијанија на околината, и со нив управува во согласност со барањата на Системот за квалитет, околина, здравје и безбедност при работа и законските прописи. ФАКОМ АД Скопје се грижи за здравјето и безбедноста при работа на сите свои вработени, како и на сите работни места и со нив управува во согласност со барањата на Системот за квалитет, околина, здравје и безбедност при работа и законските прописи.

Насоченоста кон потребите на купувачите и задоволството на купувачите од извршената работа се најважните вредности според кои ФАКОМ АД Скопје ја мери и одредува својата вкупна успешност. Посебна определеност посветуваме на зачувување на биолошко-еколошките вредности на околината, спроведувајќи превентивни мерки за заштита на околината, како и зачувување на здравјето и безбедноста при работа. 

Да би се постигнале, одржале и зајакнале тие вредности, ФАКОМ АД Скопје воспостави цели за квалитет, околина, здравје и безбедност при работа:

  • Да вработуваме стручни и амбициозни луѓе кои ќе имаат можности и обврска постојано да се развиваат  и усовршуваат

  • Да набавуваме најсовремени информатички икомуникациски ресурси како и останата опрема, инфраструктура и окружување  за пријатна работа

  • Да негуваме и развиваме  партнерски односи со добавувачите

  • Да на купувачите им се нудат оптимални и целосни решенија

  • Да се реализираат решенија кои во целост ги подржуваат  барањата и потребите на купувачот

  • Континуирано извршување на активностите и задачите така што се спречува загадувањето на околината

  • Соработка и отвореност кон сите заинтересирани страна

  • Да се применува и подобрува ефикасноста на интегрираниот систем  втемелен  на барањата на меѓународните норми  ISO 9001:2008, ISO 14001:2004 и OHSAS 18001 и да тежи кон надминување  на висината на тие барања

  • Да поставуваме  амбициозни, мерливи и остварливи  цели за квалитет, околина, здравје и безбедност при работа

  • Да се остварат целите за заштита на здравјето и безбедност при работа

    Секој вработен во фирмата мора да биде запознаен со политиката за квалитет, околина, здравје и безбедност при работа, да ја разбере и прифати како трајно начело во сопственото  работење.

    Политиката за квалитет, околина, здравје и безбедност при работа се издава и како самостоен документ кој го потпишува директорот на фирмата. Има статус на управуван документ.