Булевар "Александар Македонски" 18

ФАКОМ АД - Скопје е формиран во 1960 год за потребите на изградбата и инвестиционото и тековното одржување на Рудници и Железарница "Скопје" - Скопје. Многу бргу ја надраснува својата улога и почнува да работи и за клиенти во поранешна Југославија и странство (Ирак, СССР, Виетнам, Либан, Камерун и повеќето европски земји). Како еден од најголемите капацитети во регионот во 1982 год се одвојува како посебна организација.

ФАКОМ АД - Скопје успеа да ги преброди сите критични моменти кои беа последица на распадот на Југославија и пазарот, ембаргото на Грција (1994-95), кризата во Србија (1999), конфликтот во Македонија (2001) и прилагодувајќи се "во од" изврши трансформација во пазарно ориентирана компанија, пермантно зголемувајќи го годишното производство. Во 2006 год. е извршена трансформација и на сопственичката структура, а во 2007 год извршени се организационо - структурни промени.

Основна дејност на ФАКОМ АД - Скопје е производство и услуги од металопреработувачка дејност и опфаќа: